logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ - СЕ ШИРИ НОВА ИЗМАМА за трговија

Vecer | 27.08.2026

ВНИМАВАЈТЕ - СЕ ШИРИ НОВА ИЗМАМА за трговија

Комисијата за хартии од вредност предупредува дека во јавноста се споделува лажен документ со назив „Овластување за трговија – трговец поединец“, на кој неовластено се користат нејзиниот назив и логото, како и лажни потписи на претседателот и на внатрешниот комисионер.

КХВ соопшти дека не го издала лажниот документ и дека не постои законски основ за исправа со ваков назив и содржина.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни кога преку социјалните мрежи, електронската пошта, телефонски повици или други канали им се нуди инвестирање или од нив се бара уплата на парични средства и лични податоци.

Кои учесници на пазарот на хартии од вредност се овластени да даваат инвестициски услуги може да се провери во официјалните регистри на КХВ, објавени на веб-страницата www.sec.gov.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk