ВМРО-ДПМНЕ

„Ахмети кога сака да се допадне пред странците се откажува од Косово, кога со СДСМ крадат на тендери е загрижен патриот“

Vecer | 01.02.2022

„Ахмети кога сака да се допадне пред странците се откажува од Косово, кога со СДСМ крадат на тендери е загрижен патриот“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Тие потенцираат дека Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција.

- Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција. Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе, велат од партијата.

Во соопштението се додава дека и колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен.

- Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија, истакнуваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk