logo
logo
logo

ПРАЗНИЦИТЕ ШТО ПАЃАТ ВО НЕДЕЛА ДА НЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ - Бара Стопанската комора

Vecer | 05.10.2026

ПРАЗНИЦИТЕ ШТО ПАЃАТ ВО НЕДЕЛА ДА НЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ - Бара Стопанската комора

Стопанската комора на Македонија наскоро до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

На денешната прес-конференција, проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска истакна дека предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови.

– Нашиот предлог нема да е бришење или укинување на конкретни празници, туку ревидирање на правата кои произлегуваат од вака дефинирани празници за сметка на барањето за укинување на прослава на дел од празниците. Па дури и сега ваква поставеност на системот може да се третира како систем кој не е во согласност со Уставот, бидејќи некако ги става во нерамноправна позиција граѓаните припадници на различни групи. Ако одиме по таа логика, припадниците на српската заедница или влашката заедница, доколку се православни, имаат најголем број на неработни денови – 11 за сите, пет кои се однесуваат на припадници на православна вероисповед и дополнителни денови кои се однесуваат на конкретната етничка заедница. За сметка, да речеме, на припадник на исламска вероисповед, којшто има помалку денови кои му се предвидени за прослава по однос на ваквите религиски празници. Така, на пример, еве постои небулоза, да речеме, Свети Сава празникот, што кај нас е предвиден како неработен ден за припадници на српската етничка заедница, во соседна Србија не е неработен ден – рече Димовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk