logo
logo
logo

ШАНСА И ЗА МАКЕДОНИЈА - Речиси 7 трилиони долари ќе се вложат во дата-центри

Vecer | 02.09.2026

ШАНСА И ЗА МАКЕДОНИЈА - Речиси 7 трилиони долари ќе се вложат во дата-центри

 За потребите на светот за податоци, речиси 7 трилиони долари ќе се вложуваат наредните 6-10 години во изградба на дата-центри. Да успееме 0,01 проценти да донесеме од тоа во регионот, не само во Македонија, тоа ќе биде огромен напредок и затоа и државите од регионот работат на вакви проекти - вели во интервју за МИА министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. 

Плановите на Владата е привлекување ваков вид инвестиции и претседателот на Владата рече дека имаме неколку со кои сме во еден вид на преговори, разговори, за да видиме, вели Андоновски, кој модел нам најмногу ни одговара, но и за кој модел се заинтересирани светските инвеститори. 

- Ние не сме држава која е најатрактивна во светот за вакви инвестиции. Има многу држави во кои се инвестира. Во Европската Унија е трка по инвеститори во дата-центри, најавени се речиси 7 трилиони долари инвестиции во наредните 5-6 години во вакви податочни центри за потребите на светот за податоци и, впрочем, во таа борба вие се борите за инвестиција повеќе затоа што тоа значи капитал повеќе во државата - дециден е Андоновски, кој наведува дека сите држави што сакаат да напредуваат изминатиов период веќе активно работат на привлекување ваков вид инвестиции затоа што ова е чиста индустрија - вели министерот за дигитална трансформација.

Тој открива дека Министерството работи на повеќе проекти, од кои од особено значење се националниот дата-центар и оптичката инфраструктура. За националниот дата-центар изработена е физибилити-студијата за негова изградба и во моментот се разгледуваат локации што ќе бидат во индустриски зони, во индустриски капацитети, најверојатно во близина на гравниот град.

- Мислам дека ќе бидат во близина на Скопје. Имаме добра инфраструктурна поставеност на националниот дата-центар и се наоаѓа, што е многу важно, на друга тектонска плоча од Прилеп, што значи поврзаноста помеѓу Скопје и Прилеп ќе биде во живо, а ќе бидат одделени физички. И третиот проект ни е изградба на инфраструктура, владина оптичка, помеѓу сите овие државни институции, односно дата-центарот, националниот, секундарниот во Прилеп и клучните државни институции, кои мора да имаат некаква инфраструктура во Скопје - вели тој.

Андоновски посочува дека дата-центрите претставуваат чиста индустрија, која не само што носи нови инвестиции туку создава и добро платени работни места за инженери од областа на облак-технологиите, мрежите и кибербезбедноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk