logo
logo
logo

СО БМВ СЕ ЗАБИЛ ВО ТУЃ ДВОР, ГО ПОВРЕДИЛ ДОМАЌИНОТ И МУ ГИ ОШТЕТИЛ ВОЗИЛАТА

Vecer | 24.07.2026

СО БМВ СЕ ЗАБИЛ ВО ТУЃ ДВОР, ГО ПОВРЕДИЛ ДОМАЌИНОТ И МУ ГИ ОШТЕТИЛ ВОЗИЛАТА

Маж е тешко повреден откако во неговиот двор влетал автомобил, чиј возач изгубил контрола. Оштетени му се и две возила и оградата.

Како што соопштуваат од полицијата, вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место – патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, паркирани од Ј.Д..

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди возачот Р.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk