logo
logo
logo

Изложба со флуросцентни бои во Мала станица на Воскресија Андреевска

Vecer | 17.09.2026

Изложба со флуросцентни бои во Мала станица на Воскресија Андреевска

Уметницата Воскресија Андеевска со своја мултидисциплинарна изложба именувана како Меѓу светови инспирирана од промените во природата. Во националната галерија на Македонија - Мала станица може да се види навистина уникатна уметничка инсталација.

- Изложбата е инспирирана од природата, пред сѐ. Јас имам кученце што го шетам и она што го гледам како се менува е инспирацијата. И воопшто секојдневието во мојот живот. Меѓутоа, се фокусирав на природата бидејќи секоја честичка се менува со извесно време, честичка што се спојув, и мислам дека е многу важно фокусот да се врати на тоа. Во однос на материјалите, користени се текстил, платно флуросцентни бои и разни техники. Околу два дена се местеше, меѓутоа ако во тие два дена тоа беше местење од сабајле до вечер, бидејќи имаше многу детали кое што си бараше време.Сега за сега добивам само убави зборови. Сите се одушевени, велат дека е магично и се надевам само дека ова ќе продолжи и понатаму. Секој да биде со вакво расположение. Сакам само луѓето да уживаат во тоа што го направив и јас уживам во истото.Се надевам дека ќе може некако да се договориме за други места. Мислам дека ќе биде жал ваква поставка, што толку се работеше и се вложија три месеци во наместеното, да остане поставена само за неколку денови. Сакав да биде уште подобро поставено, така што ќе се борам за да може да се постави и на други места и во други градови, секако.Одамна правев изложба со флуоресцентни бои, мислам дека во 2012, ако не се лажам.

Искрено мислам дека младите сѐ почесто посетуваат вакви настани, поготово некои коишто се невообичаени, коишто, би рекла, имаат една идеја да се променат работите. Така што, младите сакаат да бидат дел од ова и тоа ги прави уникатни, изјави Андреева.

Рефлексијата на флуросцентните бои во комбинација со амбиентално колоритно светло пропратено со звуци на бранови се креирани оригинални пејсажи кои не се гледаат често.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk