Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.

Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.
Како што веќе информиравме, полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, се пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.
Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата