Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две години отворивме неколку десетици, а како резултат на тоа очекуваме бројот на превезени патници оваа година да достигне 3,5 милиони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Аеродромите, потенцираше, веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-тина проценти зголемување споредено со истиот период од минатата година.
Прашан дали се разговара со „Виз ер“ за продолжување на сезонските линии до Сардинија и Сицилија, Мицкоски потенцираше дека ќе продолжи поддршката за дестинациите за кои има интерес.
- За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот - рече Мицкоси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата