logo
logo
logo

ФОТО | Во несреќата на патот Охрид-Кичево ЗАГИНА 33-ГОДИШНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР АНТОНИО САВЕСКИ

Vecer | 03.09.2026

ФОТО | Во несреќата на патот Охрид-Кичево ЗАГИНА 33-ГОДИШНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР АНТОНИО САВЕСКИ

Тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево заврши со трагичен исход, при што животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“. Несреќата повторно го сврте вниманието кон опасностите на оваа патна делница, а Охрид денеска се збогува со млад човек кој беше дел од кошаркарската заедница и работеше со најмладите.

Савески потекнува од Охрид, каде што ги направи првите кошаркарски чекори, а подоцна започна и со тренерската работа. Работеше и со млади кошаркари во школата на Водно Партизан.

Савевски беше познат и по својата голема љубов кон спортот и колекционерството. Во неговата колекција имало околу 500 кошаркарски дресови.

Според информациите од МВР, автомобилот со кој управувал Савески најпрво удрил во кучиња скитници, по што излетал и се забил во металните браници покрај патот. Возилото потоа се запалило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk