logo
logo
logo

КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ И СПАС ЗА КАМИОНЏИИТЕ: Владата во офанзива за долгорочно решение со Шенген!

Vecer | 31.08.2026

КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ И СПАС ЗА КАМИОНЏИИТЕ: Владата во офанзива за долгорочно решение со Шенген!

Министерството за транспорт денеска соопшти дека има целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери и активно и во континуитет се работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на проблемот со земјите од Шенген зоната.

- Во рамките на можностите со кои што раполага Министерството, се работи на склучување билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, бидејќи сметаме дека ова е најсоодветно решение, Македонија самостојно да го реши проблемот на транспортерите. Потенцираме дека такви договори веќе се склучија со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со Владите на Австрија, на Германија и во месец септември се очекува да се одржи средба на високо ниво со владата на Австрија, а во октомври и со Словенија со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери, наведуваат од Министерството.

Бидејќи се работи за правила во Шенген зоната, се потенцира во соопштението, тоа што Владата преку Министерството за транспорт може да го направи и тоа што има на располагање е да потпише билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната за издавање долгорочни визи.

- Идејата е генерално да се покријат рутите каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи. Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од Шенген зоната. Транспортната дејност е двигател на македонската економија и од тие причини сметаме дека дејноста не треба да запре да работи, напротив Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со работа за изнаоѓање дополнителни решенија, посочуваат од Министерството за транспорт. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk