МИЛИЈАРДИ ЗА СТРАТЕШКАТА ПОЗИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, најави министерот Николоски

Vecer | 26.10.2026

МИЛИЈАРДИ ЗА СТРАТЕШКАТА ПОЗИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, најави министерот Николоски

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад и Коридорот 10 север-југ. Ние сме единствена држава во Југоисточна Европа каде што двата паневрoпски коридори се сечат и се обидуваме да ја искористиме таа уникатна географска позиција која што ја имаме и затоа правиме огромни инвестиции што се движат помеѓу 5 и 6 милијарди евра, што кога ќе го споредите со бруто-домашниот производ, се огромни инвестиции, нешто што не го прави ни една друга држава во регионот во тој обем. Затоа сме најнапред и сме пофалени и од Европската Комисија и од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој, како и останатите партнери за ова што го правиме во инфраструктурата”, – изјави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk