logo
logo
logo

Најнови детали: ОВА СЕ ОКОЛНОСТИ ВО КОИ ЗАГИНАА НАШИНЦИ ВО СЛОВЕНИЈА, има и пропусти

Vecer | 28.08.2026

Најнови детали: ОВА СЕ ОКОЛНОСТИ ВО КОИ ЗАГИНАА НАШИНЦИ ВО СЛОВЕНИЈА, има и пропусти

Се појавија најнови детали за големата сообраќајна несреќа во Словенија во која загинаа тројца македонски државјани. Деталите откриваат многу причини и за самата несреќа но, и за тешките последици.

Две деца, на возраст од четири и 11 години, и нивната 74-годишна баба се жртвите во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда. Во автомобилот се наоѓало петчлено македонско семејство, соопшти словенечката полиција.

Неофицијално, станува збор за петчлено семејство по потекло од Центар Жупа. Словенечката полиција соопшти дека сите петмина се македонски државјани со престојувалиште во Италија.

Според новите информации од Полициската управа Копер, автомобилот „ауди А4“ со италијански регистарски ознаки го управувал 39-годишниот татко. Тој најпрво со десниот дел од возилото ја закачил заштитната ограда, а потоа силно удрил во задниот лев дел од приколка на товарно возило.

Камионот, управуван од 64-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, поради дефект бил запрен во ниша за принудно запирање. Во моментот на судирот возачот се наоѓал во кабината и не бил повреден.

На местото на несреќата починале 74-годишната мајка на возачот и неговите две деца, четиригодишно девојче и 11-годишно момче. Триесет и тригодишната мајка на децата, која седела на левото задно седиште, била повредена и со хеликоптер пренесена во болница. Таткото бил пренесен со возило на Итната медицинска помош, но според полицијата не се здобил со повреди.

Словенечката полиција соопшти и дека двете деца во моментот на несреќата не биле врзани со сигурносни појаси.

Возачот на автомобилот бил тестиран за присуство на алкохол и недозволени супстанции, а двата теста биле негативни. Полицијата сè уште ја утврдува точната причина за несреќата и проверува и дали возачот можеби заспал зад воланот.

По завршувањето на истрагата, против него е најавена кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа од небрежност. На увидот присуствувале и државен обвинител и истражен судија.

Поради спасувачката акција, увидот и отстранувањето на последиците, автопатот во правец кон Копер бил затворен до 23:56 часот. Според словенечката полиција, возилата заглавени во колоната биле извлечени од автопатот во рок од околу два часа.

Полицијата воедно упати критики до дел од возачите кои не формирале спасувачки коридор и до оние кои за време на застојот ги напуштале своите возила. За такво однесување е предвидена казна од 150 евра.

Македонската амбасада во Љубљана е во контакт со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk