ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО Е ЗНАЧАЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА - Мицкоски се сретна со британската амбасадорка

Vecer | 10.11.2026

ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО Е ЗНАЧАЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА - Мицкоски се сретна со британската амбасадорка
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

- На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес - наведува премиерот во објавата на својот фејсбук-профил.

Мицкоски наведува дека Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk