Ја убил 17 г. девојка во Богданци, го запалил автомобилот, ПА СИ ПРЕСУДИЛ

Vecer | 04.11.2026

Ја убил 17 г. девојка во Богданци, го запалил автомобилот, ПА СИ ПРЕСУДИЛ

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено во запален автомобил кај Богданци е на 17 годишна девојка, која, според засега неофицијални информации, е убиена од нејзиното 21-годишно момче.

Момчето беше пронајдено мртво на местото на настанот, покрај запалениот автомобил.

Засега непотврдените информации кажуваат дека тој се обесил во близина на автомобилот.

Тој тогаш бил уапсен затоа што во неговиот дом физички ја нападнал девојката, а Обвинителството требаше да поднесе кривична пријава против него.

Ова стои во денешниот билтен на МВР:

„На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот. За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk