logo
logo
logo

ОВИЕ ХЕРОИ СЕ ВЕЧНИ! Турнир во чест на загинатите бранители од 2001-2015

Vecer | 03.10.2026

ОВИЕ ХЕРОИ СЕ ВЕЧНИ! Турнир во чест на загинатите бранители од 2001-2015

Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата - истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година. 

Мисајловски, пред членовите на семејствата на загинатите и фудбалските екипи, порача дека не ни сакал ваквите немили настани да се повторат и дека Министерството за одбрана, МВР и Бирото за јавна безбедност прават се овие херои да не се заборават.

- Сме имале немили настани, да не се повторат, но затоа со вакви спортски игри, меѓународни активности што ги имаме и во Министерство сакаме да покажеме и да допринесеме дека со различни спортски дисциплини и со фер плеј и со една заедничка стратегија сите генерации да се сплотат во оваа енергија и во оваа прилика да покажеме кон целиот македонски народ, кон сите дека овие херои не се заборавени - рече Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk