logo
logo
logo

Берово е еден од врвните приоритети

ВЛАДАТА СПРЕМА ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ

Vecer | 28.08.2026

ВЛАДАТА СПРЕМА ЗАКОН ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ

Развојот на туризмот во Берово е еден од врвните приоритети на Владата, а државата подготвува закон со кој ќе се овозможи развој на туристички развојни зони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање за тоа што ќе преземе Владата за искористување на големиот туристички потенцијал на Берово, со оглед на ограничените можности на општината, Мицкоски посочи дека во тек е изработка на закон со кој ќе се регулираат туристичките развојни зони.

– Во процес на изработка е закон со којшто ќе бидат третирани туристичките развојни зони, коишто ќе бидат или државна иницијатива или приватна иницијатива, имајќи ги предвид лимитираните средства со коишто располагаат општините – рече Мицкоски.

Тој додаде дека инфраструктурата и експропријацијата во рамки на ваквите проекти би биле на товар на државата или на приватниот инвеститор кој евентуално би поднел барање за таков тип туристичка развојна зона.

Мицкоски најави и зголемување на субвенциите за дојдовни туристи, како и зголемување на процентот од приходите од игрите на среќа што ќе биде наменет за туризмот.

Премиерот оцени дека во Берово веќе се чувствува поголема туристичка раздвиженост.

– Мене ме охрабрува тоа што ми го кажа градоначалникот, дека оваа година веќе се чувствува поголема раздвиженост и неколку пати поголем број на туристи коишто го посетуваат Берово. Развојот на туризмот во Берово е еден од нашите врвни приоритети – истакна Мицкоски.

Во однос на иницијативата за развој на Беровското Езеро, тој рече дека донесувањето на законот е еден од предусловите за нејзина операционализација.

– Со тој закон ние како држава предвидуваме и поголеми субвенции за таквите инвеститори, нешто како што е Законот за поддршка на инвестициите, посочи Мицкоски, кој денеска го посети манастирот Успение на Пресвета Богородица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk