logo
logo
logo

Три години затвор за оној што ќе се попише како да е во странство

Vecer | 02.03.2021

Три години затвор за оној што ќе се попише како да е во странство

Во член 9 од Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години што значи дека кривична постапка ќе биде покрената за сите кои се обидуваат да приложат лажни податоци во системот.

Директорот на заводот Апостол Симовски веќе предупреди дека сите злоупотреби на системот за попис ќе бидат казнети според казнените одредби од законот за попис, што значи дека секој обид за манипулација на системот односно регистрирање како дијаспора на граѓани кои се во Македонија ќе се сметаат како намерен упад во апликацијата, а системот ќе покаже дека таквите податоци не се веродостојни.

Денеска програмери јавија дека откриле слабост во системот односно секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство. VPN е алатка која ја редиректира IP адресата на друго место. Користејќи VPN лажно може да се покаже приклученост од друга држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk