Маж од Србија е уапсен во Скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми повкувајќи се на српското МВР.
Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Осомничениот С. М. (1984) бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот полицијата пронашлапиштол „CZ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и мала количина марихуана.
Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР.
Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема.
Меѓу запленетите предмети се пиштол марка „CZ“ со целосна рамка, воен нож, како и црна тактичка униформа. Истрагата потврди дека С. М. ја преминал границата нелегално, а кај него била пронајдена и српска лична карта на друго лице, која ја користел за лажен идентитет.
Оперативните сознанија укажуваат дека 42-годишникот е член на организирана криминална група и дека во Скопје бил испратен со конкретна задача – да изврши ликвидација.
Во моментов истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата