Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата прави сè за да ја задржи постојната цена на електричната енергија, која, како што истакна, е меѓу најниските во регионот и Европа. Тој најави и можност за проширување на евтината тарифа во периоди кога има зголемено производство на струја од сонце.
– Имаме и едни од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа. Се бориме таа цена да остане иста. Јас сум убеден дека ќе остане иста и да видиме следната година, какви се можностите, во одредени периоди од годината, кога имаме поголемо производство на електрична енергија од сонце, да го продолжиме тој период на евтина тарифа. Така што, во услови кога сите ги зголемуваат цените, ние се бориме како од овој предизвик да препознаеме шанса и да ја преточиме во можност за нашите граѓани, изјави премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата