logo
logo
logo

(Видео) СЕ УРИВААТ ТЕЗГИ НА БИТ-ПАЗАР, се расчистува просторот

Vecer | 06.10.2026

(Видео) СЕ УРИВААТ ТЕЗГИ НА БИТ-ПАЗАР, се расчистува просторот

Вчера, доцна попладне, со багер и друга механизација се уриваа тезги на Бит-пазар и се чистеше просторот каде што биле поставени.

Како што објави телевизија Телма, тезгите се во сопственост на приватна фирма, но засега нема информации од Општина Чаир за причините за нивно отстранување. Детали оттаму најавиле во текот на утрешниот ден.

Инаку, на снимката што ја објавија телевизијата може да се види како багер собира остатоци од градежен материјал и ги товари во камион, а условно кажано, акцијата се одвива во простор ограден со метална ограда, налик на градилиште.

Од Град Скопје на прашањето дали до нив е доставено некакво барање или не, во врска со отстранувањето на тезгите, на одговор упатиле во Општина Чаир, наведувајќи дека Градот не е надлежен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk