logo
logo
logo

Или измени на Изборниот законик ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН

Vecer | 04.11.2025

Или измени на Изборниот законик ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори.

Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија.

-На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде  една изборна единица, рече спикерот.

Со измените на Изборниот законик или со новото законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори. Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, рече Гаши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk