logo
logo
logo

СЛЕП ЧОВЕК постојано морал да докажува пред комисија дека не гледа, и дека има право на државна помош

Vecer | 04.10.2026

СЛЕП ЧОВЕК постојано морал да докажува пред комисија дека не гледа, и дека има право на државна помош

Стручната комисија за давање оцена, наод и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во една здравствена установа во Скопје, терала целосно слепо лице да го прегледува повеќепати, иако станува збор за трајна состојба. Покрај тоа што го малтретирале да доаѓа кај нив повеќепати на прегледи, му ја намалиле и паричната помош од 6.342 на 5.610 денари.

Измалтретираното слепо лице случајот го пријавил во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на 12 јуни, а таа веќе во септември донела мислење со кое утврдува директна дискриминација од страна на тројца лекари специјалисти, членови на Стручната комисија која го предложила намалувањето на месечната помош за човекот, објави порталод сдк.

Оваа дискриминација е сторена врз основа на попреченост во областа на социјалната сигурност, вели КСЗД.

Тројцата специјалисти му доделиле туѓа нега од помал обем, место туѓата нега од поголем обем што ја имал претходно согласно слепилото за кое лек нема.

Човекот се чувствува дискриминиран зашто за разлика од него, целосно слеп, а дијагнозата ја докажува секоја година, други лица со иста дијагноза, меѓу кои и неговата сопруга, остваруваат право на месечна помош и повеќе од 30 години, без да бидат упатувани на контролни прегледи. Слепило на двете очи е трајна и непроменлива состојба и за неа има постојана потреба од помош и нега од друго лице, во поголем обем.

КСЗД донесе препорака Јавната здравствена установа преку надлежната Стручна комисија за давање наод, оценка и мислење да изврши повторна проценка за дискримираното слепо лице, овојпат согласно Законот за здравствена заштита. Комисијата за дискриминација препорача при повторната проценка Стручната комисија да ја преиспита и потребата од определување повторен контролен преглед, имајќи го предвид трајниот и непроменлив карактер на здравствената состојба на подносителот на претставката.

Не се кратат средства само кај слепите и други лица со трајна попреченост. Државата со административните малтретирања што ги воведува во последно време, ги тера тешко болните лица да се откажат на пример од помошта за туѓа нега и мобилност. Откако тие болни се појавуваа пред стручна комисија, натаму решението за одобрена помош беше автоматски праќано до Центрите за социјална работа. Или, го носеа нивни (подвижни и здрави) роднини и членови на семејството.

Последниве две години тешкоболни граѓани се жалат дека морало лично тие да го носат решението.

Затоа во институциите за заштита на човековите права, како што е и Народниот правобранител, во последно време се жалат граѓани, а пишуваат и претставки за тоа дека мора лично конзилијарното мислење, односно одобреното решение за помош да го носат во социјалните центри. Мнозинството од нив се болни и тешкоподвижни, а немаат близок до себе да ги придружува за тие лично да го однесат решението во ЦСР и се откажуваат од месечната помош што им следува со закон.

Се подготвуваат измени во регулативата за работата на комисиите за туѓа нега и мобилност, кажа на 30 септември министерот за здравство Сашо Клековски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk