Во изминатите 24 часа е регистрирана зголемена фреквенција на граничниот премин „Богородица“, каде вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на пат кон Грција. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, само до 10 часот утринава излез оствариле околу 3.000 македонски државјани, додека останатите 11.000 патници се државјани на други земји кои транзитираат низ државата.
Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека од македонска страна не се бележат поголеми застои и дека се преземаат сите неопходни мерки за забрзување на протокот. Ставени се во функција сите човечки и технички капацитети за ефикасно спроведување на задолжителните гранични проверки. И покрај овие напори, корисниците на социјалните мрежи споделуваат различни искуства, па додека некои поминуваат брзо, други пријавуваат чекање од околу еден час.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата