Последниве месеци Филипче и СДСМ се во целосна функција на бугарската политика која се труди да нанесе колку е можно поголема штета на актуелната влада која не го прифаќа бугарското вето патем и со помош на десетици пробугарски портали и подкасти во Македонија чиј фокус поттикнување етничка омраза кон Србија и Србите, тензии помеѓу партиите на македонските Албанци ВЛЕН и ДУИ, јавно таргетирање за напад врз новинари и редакции кои не се под контрола на СДСМ, Филипче и Софија, како и обиди за омаловажување на секој успешен проект или политичка одлука на владата.
Целта е прецизна: колку послаба влада во Македонија, толку поголема можност да се прифати бугарското вето.
Патем, мешање во блисиките избори во Србија по моделот на соросоидите чии фаворити се на “студентската листа“ и кои од Македонија патуваа во Белград на протести проив туѓа влада и во туѓа држава.
Се случува, по втор пат, историјата: По 1941. ова е нов обид за бугарска окупација (овојпат медиумска и политичка) против Македонците и партизаните од Македонија и Србија кои здружено беа непријатели на бугарскиот окупатор и тука, и кај северниот сосед. Филипче е во функција на тогашните бугарски “администратори“. А што значи тоа може, од прва рака, да му го објасни неговиот најблизок соработник Андреј Жерновски од историјата на своето семејство.
За Филипче е ПРОБЛЕМ што Македонија има економси раст, и раст на Бруто домашниот производ (БДП) меѓу највисоките во Европа. Годинава растот на БДП во Македонија (4,2%) е три пати поголем отколку растот на БДП во моќната Германија (1,3%), на пример. Франција во 2026-та има раст на БДП од само 0,9%, Италија има 0,8%, Бугарија 2,6%, Грција 1,5%...
Во интервју за порталот Вечер, Томас Вајц, известителот од ЕУ за Македонија изјави дека нашата држава “има најдобри резултати во регионот со потребните реформи“. Тоа е ставот на ЕУ, а не шпекулациите на Венко Филипче и СДСМ кои се повикуваат на “загрозена состојба со јавното информирање“ а таргетираат новинари и редакции со говор на омраза, потткнуваат етничка омраза кон една нација која е најлојална на Македонците и државата од сите етнички заедници, клеветат медиуми и држат под контрола речиси цел невладин сектор во држвава со децении финансирани од пари кои и властите од САД ги оценија како “сомнителни и наменети за политички цели а не за јавно добро“.
На Филипче и СДСМ им пречи што премиерот Мицкоски при посетата на Генералното собрание на ООН во Њујорк ставил фокус на средби со економски и финансиски институции во САД кои се од интерес за инвестиции и извоз, а не на глобалната политика и војните во Украина и Иран со кои Македонија нема ни допирна точка ни моќ или интерес да учествува во нивното решавање.
Па, во недостаток на факти, СДСМ цинично и малогрѓански забележува дека “просторијата во која Мицкоски имал состанок била мала“... иако, во истата и слични на таа, по социјланите мрежи можевме да видиме состаноци на премиери и претседатели на далеку поголеми држави како Полска, Грција, Португал или Холандија.
Ако квадратурата на просторијата е клучен фактор за вредноста на битните економски и финансиски теми на кои се разговарало може да се каже - до таму е умот и дометот на ова раководство на СДСМ. Паланечки менталитет по кој величината на делото на еден творец го ценат по бојата на неговите чорапи, другото и така не го разбираат.

Денес бележиме реакција на ВМРО ДПМНЕ за “паланечкиот менталитет“ на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека повторно се спротивставува на владините политики и инвестициите, без да понуди поинакви решенија.
Од партијата велат дека Филипче изразил критики за инвестициите, продлабочувањето на партнерствата со САД и членството во НАТО, како и за рудниците и развојот на нови индустрии, меѓу кои ги наведуваат и центрите за податоци.
ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата ги отфрла и неговите тврдења за состојбата на економијата и задолженоста на државата.
Од партијата наведуваат дека во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП бил околу 2,6 отсто, додека во првите осум целосни квартали од актуелната влада, според нивните податоци, просечниот раст изнесува околу 3,55 отсто.
Како дополнителен показател го посочуваат и официјалниот податок за вториот квартал од 2026 година, кога реалниот раст на БДП, според ВМРО-ДПМНЕ, достигнал 4,3 отсто.
Од партијата оценуваат дека бројките, како што наведуваат, покажуваат повисок и постабилен економски раст и продолжување на позитивниот тренд.
„Сериозна опозиција не може да се биде со ставот – СДС е контра сè колку само да биде поинаков“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Примирјето склучено во 1994/45 година очигледно е завршено. “Админстраторите“ се повторно тука да ја стават Македонија под своја контрола.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата