logo
logo
logo

СДСМ САДЕШЕ МАРИХУАНА ЗА ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ, НИЕ ГРАДИМЕ ДАТА-ЦЕНТРИ ЗА ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ

Vecer | 30.08.2026

СДСМ САДЕШЕ МАРИХУАНА ЗА ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ, НИЕ ГРАДИМЕ ДАТА-ЦЕНТРИ ЗА ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ

Додека СДСМ и Венко Филипче денес се обидуваат да го проблематизираат развојот на дата центрите, јавноста треба да ја види суштинската разлика меѓу нивната и политиката на ВМРО-ДПМНЕ – порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„СДСМ ја гледа Македонија низ призма на политики како развојот на индустријата со марихуана кои отвораа простор за интереси на тесни кругови, додека ВМРО-ДПМНЕ денес отвора можности за инвестиции во технологии и индустрии кои се дел од иднината на светската економија. Дата центрите се токму таква можност.

Станува збор за современа индустрија која е тесно поврзана со дигитализацијата, вештачката интелигенција и развојот на новите технологии. Македонија не смее да остане надвор од овие процеси.

Наместо да ја препознае можноста, Филипче повторно избира да напаѓа и да шири паника. Очигледно е дека не може да се помири со фактот дека Македонија конечно се движи напред.

СДСМ зборува за потрошувачка на електрична енергија и вода како аргумент против развојот, притоа занемарувајќи дека денес постојат различни современи технологии и решенија за функционирање и ладење на дата центрите, во зависност од нивната намена и големина.

Исто така, Македонија денес функционира како пазарна економија, со јасно утврдени механизми за снабдување и плаќање на електричната енергија.

Затоа, наместо да се создава непотребна паника, потребно е да се гледа што може да добие државата.

Нови инвестиции, нови работни места, развој на ИТ-секторот, ангажирање на домашни компании и можност Македонија да стане дел од глобалната дигитална економија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден проект да биде реализиран на штета на граѓаните, животната средина или природните ресурси. Сите конкретни инвестиции ќе ги исполнуваат законските и еколошките стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да привлекува инвестиции, да отвора нови индустрии и да создава услови Македонија да биде конкурентна, модерна и технолошки развиена држава, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk