logo
logo
logo

СДСМ НА ИСТА ЛИНИЈА СО РУМЕН РАДЕВ, вели Милошоски

Vecer | 06.10.2026

СДСМ НА ИСТА ЛИНИЈА СО РУМЕН РАДЕВ, вели Милошоски

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма остра ја критикуваше опозицијата, тврдејќи дека ставовите на заменик-претседателката на СДС, Каранфилова Пановска, за преговарачката рамка се целосно пресликани од реториката на бугарскиот претседател Румен Радев.

Според Милошоски, тврдењата дека нема потреба од средби со официјална Софија одат директно во прилог на бугарската политика која одбива дијалог со македонскиот државен врв, префрлајќи ја сета одговорност врз европските институции.

– Позицијата дека преговарачката рамка е европска и нема потреба од средби е позицијата на Румен Радев. Тој постојано повторува дека нема потреба да се среќаваме со претставници од Македонија и дека Бугарија нема удел во тоа. Но, големата тајна што СДСМ сака да ја сокрие е дека билатералниот проблем, надвор од Копенхашките критериуми, сега е дел од рамката со бланко потпис на Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Никола Димитров и Зоран Заев, истакна Милошоски.

Милошоски нагласи дека токму овие претходни владини политики ја држат земјата заглавена во чекалната 21 година како кандидат, иако Македонија е апсолутен лидер во Реформската агенда на европскиот пат.

Тој порача дека билатералните средби се неопходни за да се тргне завесата и јавно да се покаже кој навистина ги кочи евроинтеграциите преку злоупотреба на европските механизми.

– Добро е да се случи таква средба, една таква фотовест ќе го лоцира актерот со којшто треба да се поразговара за принципиелна позиција, да не се кочат европските интеграции или да имаме предвидлив пат, заклучи Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk