Првата линија на Градскиот воз во Скопје, на релација Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Железничка станица Скопје, се очекува да биде завршена до јуни, по што ќе следува период на тестирање. Планирано е линијата да биде пуштена во сообраќај со почетокот на новата учебна година во септември. Во моментов реализацијата е околу 65 проценти, а се работи на реконструкција на пругата, замена на дрвени со бетонски прагови и уредување на патните премини, со цел постигнување брзина до 90 км/ч.
Паралелно се планира и обезбедување дополнителни возни гарнитури, а превозот ќе се комбинира со автобуски линии, со предвидена фреквенција на возот од околу еден час.
За останатите две линии се очекува годинава да биде распишан тендер, со што рокот за целосна реализација ќе се скрати и целиот систем на Градски воз со три линии да биде завршен до крајот на 2027 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата