logo
logo
logo

„ДЕЦАТА СЕ НЕПИСМЕНИ“ – Филипче си ги нападна студентите на кои им предава (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2026

„ДЕЦАТА СЕ НЕПИСМЕНИ“ – Филипче си ги нападна студентите на кои им предава (ВИДЕО)

Вчера во емисијата ,,Само интервју” на Кабал 5 лидерот на СДСМ Венко Филипче ги обвини студентите на кои самиот им предава дека не знаат ништо.

Филипче навредата врз студентите на медицинскиот факултет на кои им држел испит ја базира на испит кој го држел на средината на Август.

,,Децата се неписмени на ПИСА тестовите. Не се споредуваат нашите деца со децата од регионот. Пред месец дена имав испит, катастрофално е знаењето на факултетите. Катастрофално е. Тие луѓе утре треба да нè лечат, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, кој Венко Филипче е вонреден професор на катедрата по Хирургија на Медицинскиот факултет, навредата за децата од Македонија кои ги нарекува неписмени ја поврзува со Писа тестовите кои се однесуваат на ученици а не на студенти.

Нејасно е зошто Филипче со ваква изјава јавно навреди повеќр категории граѓани, ученици, студенти, родители, наставници и професори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk