logo
logo
logo

ОДЛУКА ШТО ЗНАЧИ ЖИВОТ - Секој полнолетен граѓанин може да биде дарител на органи со изјава кај матичен лекар

Vecer | 30.06.2026

ОДЛУКА ШТО ЗНАЧИ ЖИВОТ - Секој полнолетен граѓанин може да биде дарител на органи со изјава кај матичен лекар

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

Со усвојувањето на овој закон се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација, преку појасно изразување и евидентирање на личната волја на граѓаните, проширување на можностите за лекување и отстранување на дел од административните пречки во системот.

„Законот претставува значаен чекор кон пофункционален, поефикасен и подостоинствен систем на органодарителство и трансплантација, во интерес на пациентите и на јавното здравје. Министерството за здравство останува посветено на понатамошно зајакнување на трансплантацискиот систем, подигнување на јавната свест и градење доверба, затоа што органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, соопштија од Министерството за здравство.

Со законските измени, секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. Измените предвидуваат и зголемување на можностите за лекување преку проширување на кругот на живи дарители до четвртиот степен на сродство, при целосно почитување на сите етички, медицински и законски стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk