logo
logo
logo

11 НЕДЕЛИ РАБОТА, 0 РЕЗУЛТАТИ - Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово

Vecer | 18.09.2026

11 НЕДЕЛИ РАБОТА, 0 РЕЗУЛТАТИ - Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово

По единаесет недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога.

Како што информираат од МВР, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

Сите членови на единицата се разрешени и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност, без изговори и привилегии“, порача Јанев.

Тој најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk