Експериментите на поранешната министерка за обарзование Мила Цароска од 2021-ва година, за учење без книги, исфрање и деградација на предметите како Историја од учебната програма, инсистирање на елементи на ЛГБТ движењето за промена на пол, еднополни бракови... меѓу учениците како доминантно а споредно место за класичните науки како математика, физика, биологија, хемија, историја... доведоа до поразителни резултати.

Се вршеше “политиканство“ со образованието и воведување соросоидна идеологија во системот на образование која нема никаква основа ниту допирна точка со науката.
Артан Груби со двајца министри од ДУИ побара повлекување на учебници по географија и историја затоа што “биле навредливи кон Албанците. Исто како затоа што се „навредени и бугарските историчари дека во Македонија не биле администратори и ослободители“.
Беа тоа години на уривање на образованиот систем, кој заедно со здравството и правната држава е - основа на општествениот систем. Што се помина образованието добор е што учениците воопшто имаат се уште интерес за учење и одење во школо.

Генерацијата ученици запишана во средно во 2022 година има слаба просечна оценка - добар со подобрување на оценката во 2024-та, последната година на власт на СДСМ/ДУИ на матурските испити. И тоа година и нешто повеќе дена откако се воведоа реформите за враќање на науката наместо како основа во наставните програми да биде левичарко либералната идеологија каде поважни се кондомите од книгите. За година дена нешто е поправено.
Просечната оценка од годинашната матура изнесува 3,66, земајќи ги предвид сите три типа матурски испити – државна, државна стручна и државна уметничка матура, соопштија денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска.
Оваа година за првпат се полагаа три вида матура. Просечната оценка на државната матура е 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59.
Министерката Јаневска изјави дека е задоволна од резултатите, оценувајќи дека просекот е речиси идентичен со ланскиот, кога изнесуваше 3,69, и значително подобар во споредба со 2024 година, кога беше 3,26.
– Сметам дека ова се објективни резултати, постигнати благодарение на добрата подготовка и организација на сите институции вклучени во процесот – изјави Јаневска.

За јунската испитна сесија биле пријавени вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. На испитите не се појавиле 348 кандидати, што претставува 2,39 проценти од пријавените.
Најголем број матуранти, како и претходните години, како втор екстерен предмет избрале англиски јазик – вкупно 13.208 ученици.
Од Државниот испитен центар посочија дека за секој тип матура биле подготвени посебни испитни програми и тестови, усогласени со наставните програми што учениците ги следеле во текот на четиригодишното средно образование.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата