logo
logo
logo

Запален автомобил кој ГО КОРИСТИ ОБВИНЕТИОТ СУДИЈА ЃОКО РИСТОВ

Vecer | 13.07.2026

Запален автомобил кој ГО КОРИСТИ ОБВИНЕТИОТ СУДИЈА ЃОКО РИСТОВ

Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор.

Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста по обвинението во кое Обвинителството тврди дека при претрес биле пронајдени околу 350.000 евра, додека Ристов ги негира обвинувањата и изјави дека со документација ќе докажува дека парите не се негова сопственост.Во овој момент не е познато дали постои каква било поврзаност меѓу пожарот и судскиот случај. Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврдува истрагата, а се очекуваат и официјални информации од Министерството за внатрешни работи.

Околу еден час по објавување на веста за запалениот автомобил добивме информација за настанот од Министерството за внатрешни работи.

-На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во тек е увид – велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk