logo
logo
logo

40 килограми МАРИХУАНА запленета во Гостивар

Vecer | 07.08.2021

40 килограми МАРИХУАНА запленета во Гостивар

 Три лица се лишени од слобода откако при претрес во еден стан во Гостивар и контрола на возило е пронајдено поголемо количество марихуана.

Според иформацијата од МВР, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи – Гостивар вчера околу 21.45 часот на улица „Илинденска”, во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, ги лишија од слобода албанскиот државјанин А.Р. (38)  Ш.И.(28) од скопското село Арачиново и Б.Т. (32) од Скопје, под сомнеж за шврец на дрога.

При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале трите лица, а управувано од А.Р., во багажникот била пронајдена поголема количина марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар.

– Ноќеска во периодот од 02.45 до 04.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во стан во Гостивар, каде што престојувал А.Р.. При претресот биле пронајдени и одземени два патнички куфери со марихуана, торба со марихуана, една голема ќеса со марихуана, повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага, електрична машина за пакување и вакумирање, во вкупна количина од околу 40 килограми марихуана, се наведува во соопштението.

МВР информира дека по целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk