Најголема разлика меѓу номиналниот и реалниот процент има кај Трговијата на мало со горивата за возила се зголемила за 26.8 проценти номинално, но реално за 13,2 отсто.
Државниот завод за статистика излезе со последниот извештај за Индекси на прометот во секторот Трговија, јули 2026 година.
„Во трговијата на мало во јули 2026 година, во споредба со јули 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 4.3 %, а реално нема промени, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.1 %, а реално за 6.7 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 2.8 %, а реално за 3.6 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 13.2 %, а номинално за 26.8 %“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата