logo
logo
logo

Тврдина за податоци: МАКЕДОНИЈА ОД 2023 ГОДИНА ИМА МОДЕРЕН ДАТА-ЦЕНТАР

Vecer | 31.08.2026

Тврдина за податоци: МАКЕДОНИЈА ОД 2023 ГОДИНА ИМА МОДЕРЕН ДАТА-ЦЕНТАР

Македонија уште од 2023 година има државен ИКТ центар за чување податоци и за опоравување од катастрофи. Објектот вреден 11,5 милиони евра се наоѓа на околу 2 километри од Прилеп. Неговата задача е да ги заштити критичните државни информатички системи при сериозни инциденти.

Станува збор за еден од најзначајните државни проекти од ваков тип на Балканот, чија главна цел е обезбедување дополнителна заштита на критичните податоци и информатичката инфраструктура.

Написите доаѓаат по најавите на Владата дека планира државен дата центар финансиран со европски грант како дел од Реформската агенда со ЕУ. Идејата е тој, заедно со „национален клауд“ на информации да биде единствен систем за процесирање на информациите од сите државни институции, а поврзан со, како што изјави премиерот, секундарниот дата-центар кој веќе го имаме во Прилеп за зачувување на податоците.

Во моментот, центарот во Прилеп го овозможува зачувувањето податоци. Проектиран е за заштита при земјотреси, пожари, вандализам, тероризам и дефекти во електричната мрежа.

Проектот е дело на белградското „1Х2 Студио“, предводено од архитектот Зоран Абадиќ. Архитектурата е подредена на едно барање, максимална физичка заштита на опремата и на податоците.

Серверите се во „соба во соба“

Најинтересниот дел се крие во срцето на објектот. Серверската просторија е изградена според концептот „соба во соба“.

Околу неа се протега заштитен прстен со машински, електрични и телекомуникациски системи. Таму се сместени и просториите за провајдерите.

Посебен дел е наменет за мрежните техничари, операторите и за обезбедувањето. Центарот функционира 24 часа дневно, седум дена во неделата.

Уште понеобична е неговата конструкција. Таванот, ѕидовите и покривот се изведени без отвори. Објектот има двојни масивни армиранобетонски ѕидови. Меѓу нив се вградени материјали за изолација и за противпожарна заштита.

До серверите не се стигнува лесно

Безбедноста продолжува и надвор од бетонските ѕидови. Комплексот е ограден, под постојан видео-надзор и има вооружено физичко обезбедување.

Пристапот е строго контролиран. Во објектот можат да влезат овластени лица, а посетите се организираат во официјални рамки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk