logo
logo
logo

ВАЖНО: Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Vecer | 28.04.2026

ВАЖНО: Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Денеска во центарот на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради најавен граѓански протест.

Денеска (28.04.2026) со почеток во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија на улица „11-ти Октомври“, група граѓани ќе организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство. Доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Од тие причини, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Од МВР апелираат до граѓаните учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk