logo
logo
logo

Потребно е ДА СЕ ОТТРГНЕМЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА на пристапните критериуми за ЕУ, вели Муцунски

Vecer | 11.05.2026

Потребно е ДА СЕ ОТТРГНЕМЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА на пристапните критериуми за ЕУ, вели Муцунски

Проширувањето е императив и за Европската Унија (ЕУ) и за земјите кандидатки, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски пред почетокот на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Брисел, со кој претседава високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Според министерот за надворешни работи и надворешна трговија, станува збор за тоа Западен Балкан да престане да биде, како што вели, сива зона на Европа и да се создаде група на држави со јасен и кредибилен пат за членство во ЕУ.

Муцунски, во видеообраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата.

„Нашата порака до земјите членки (на ЕУ) е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата“, вели Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk