Маж на неодредена возраст денеска е пронајден мртов покрај коловозот на автопатот, откако бил прегазен од возило кое побегнало од местото на настанот. Случајот ја вознемири јавноста, а надлежните органи веќе преземаат мерки за расчистување на трагедијата.
Според првичните информации, лицето починало на лице место од ударот. Полициски службеници извршија увид на локацијата, а надлежните служби работат на утврдување на сите детали, како и на идентитетот на жртвата и возилото што учествувало во сообраќајната несреќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата