logo
logo
logo

ЦУК: До 13:00 часот евидентирани седум пожари на отворено од кои два активни, два под контрола и три целосно изгасени

Vecer | 07.08.2026

ЦУК: До 13:00 часот евидентирани седум пожари на отворено од кои два активни, два под контрола и три целосно изгасени

Седум пожари на отворен простор има регистрирано до 13:00 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, информира попладнево Центарот за управување со кризи.

Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште.

Од пожарите ставени под контрола, едниот е на депонија во општина Делчево, а другиот во место викано „Стојанова населба“ во подрачјето на село Грешница, општина Македонски Брод, каде опожарени се ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk