logo
logo
logo

Сончево и многу, МНОГУ ТОПЛО

Vecer | 09.08.2026

Сончево и многу, МНОГУ ТОПЛО

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура е во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk