logo
logo
logo

Истекуваат шест месеци истрага

ОБВИНЕНИЕ ИЛИ СЛОБОДА - Ќе го дочека ли Артан Груби 23 август на слобода?

Vecer | 07.08.2026

ОБВИНЕНИЕ ИЛИ СЛОБОДА - Ќе го дочека ли Артан Груби 23 август на слобода?

Поранешниот вицепремиер Артан Груби би можел наскоро да се најде на слобода доколку Јавното обвинителство до 23 август не поднесе обвинителен акт за предметот „Лотарија“. На овој датум истекуваат законските шест месеци од неговото апсење, по што автоматски престануваат да важат условите за мерката куќен притвор.

Според Законот за кривична постапка, иако истрагата за посложени предмети може да биде продолжена, осомничените не можат дополнително да се држат во притвор без официјално обвинение по истекот на првичниот рок.

Додека одбројувањето трае, од Обвинителството молчат и не откриваат ниту дали Груби воопшто бил повикан на сослушување. На прашањата околу текот на постапката, оттаму само кратко одговараат дека јавноста ќе биде известена откако ќе донесат јавнообвинителска одлука.

Без коментар за претстојниот истек на рокот е и одбраната. Адвокатот на Груби, Владимир Доневски, во кус разговор за „Република“ само кратко изјави дека бил на годишен одмор.

Груби беше приведен на 23 февруари годинава на граничниот премин Блаце, по што му беше одредена мерката куќен притвор. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба во случајот со Државна лотарија, каде што заедно со Перпарим Бајрами се товари за спорна набавка на ВЛТ-апарати, со која според Обвинителството била причинета штета на буџетот од над 8 милиони евра (500 милиони денари).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk