logo
logo
logo

СОНЦЕ ДО ПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ - Времето почнува да ја навестува есента

Vecer | 21.09.2026

СОНЦЕ ДО ПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ - Времето почнува да ја навестува есента

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk