Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржал средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговарало за спречувањето на корупцијата, јакнењето на интегритетот и зголемувањето на отчетноста на локално ниво.
Ѓорѓиевски истакнал дека институционалната соработка и размената на добри практики се важни за чесно и одговорно управување со јавните средства. Според него, довербата на граѓаните се гради преку конкретна работа, транспарентни постапки и подготвеност за отчет за секоја донесена одлука.
На средбата станало збор и за поголема одговорност на општинските служби и градоначалниците, како и за вклучување на невладиниот сектор во подготовката на финансиските планови и буџетите.
Градоначалникот посочил дека Град Скопје работи на развој на дигитални алатки кои треба да придонесат за спречување на корупцијата, поедноставување на процедурите и полесен пристап на граѓаните до информациите.
„Јавните средства се доверба што мора да ја оправдаме. Секој ден, со секоја одлука и со секое дело“, порачал Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата