logo
logo
logo

Ликвидацијата во Приштина е одмазда за ликвидацијата во Шиша бар во Скопје?

Vecer | 15.06.2023

Ликвидацијата во Приштина е одмазда за ликвидацијата во Шиша бар во Скопје?

Блерим Дачи од Приштина е лицето кое синоќа беше убиено во престрелка среде Приштина. Косовските медиуми соопштија дека Дачи и е познат и на македонската и косовската полиција бидејќи се занимавал со трговија со дрога.

Возилото во кое е пронајден убиенот Дачи било со македонски регистарски таблички, a на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се претпоставува дека е користено за убиството. Во запаленото возило се пронајдени и два калашникови, за кои полицијата се сомнева дека се употребени за убиството на Дачи.

- Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на РС Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот.

Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението.

 

[caption id="attachment_1220583" align="alignnone" width="1847"] Фото: Ботасот, запаленото македонско возило[/caption]

Според информациите, кои се појавија во медиумите, во текот на вооружениот напад е употребено автоматско оружје, калашников, калибар 7.62 милиметри, а смртно настраданиот човек се наоѓал во автомобил со македонски регистарски таблички, објавија дел од косовските медиуми.

Веста за убиството ја потврди и портпаролката на полицијата за регионот Приштина, Флора Ахмети, која рече дека убиството се случило околу 20 часот, на улицата Ц во Приштина.

„Денеска околу 20:00 часот е пријавена за пукање што се случило на улицата „Ц“ во Приштина. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот.“

Ликвидиран Блерим Дачи наводно е повратник од Пакистан и обучен војник на Ал Каида. Располагал со променето презиме Блерим Шабани.

Медиумите за него наведуваат дека е веројатен извршител на ликвидацијата во Шиша Бар. Но, оваа сторија има и други елементи кои Вечер.мк пред да ги објави, чека да ги потврди од најмалку два извори.

https://vecer.mk/makedonija/ova-ne-e-naivna-likvidacija-zhila-kartelot/

Како на пример, дека  групата користи логистика за превоз преку рент а кар компанијата “Мега рент” со адреса на бул. М.К.Бригада број 57 во сопственост на Енис Ибраими, но скриен сопственик е Рамиз Даути, прв братучед на Дачи Блерим и вработен во Царинска управа. Компанијата на ФБ е именувана како EU Car Rental.

Историјат

Борба за превласт врз пазарот со наркотици, одмазда и нерасчистени сметки меѓу членови на групата „Беланоца“ од Ченто и нивни конкуренти од Грчец, неофицијално, се најверојатната причина за мартовското (06.03) пукање во угостителски објект Шиша бар во Старата скопска чаршија, пипуваше Дојче веле во март годинава.

Таа борба за 600.000 евра изгледа продолжува, велат извори за Вечер.мк.

 

На 6 март во Скопје се случи својно убиство  откако маскирани лица влегле во  „Шиша бар“ во  Старата скопска чаршија и со 40-50 куршуми ги убија Енес Исени познат како Љаци и Јетон Кривањева познат како Жила.

Според шишувањата во медиумите неофицијално ова убиство е продолжение на пресметките меѓу ривалските нарко групи во скопско кои се во судир веќе неколку години.

Жила и Љаци наводно припаѓале на кланот од Грчец, а полицијата го истражува случајот дали се работи за пресметка на скопското подземје.

Досие: Екстремистичка група која претставува непосредна опасност за безбедноста на Македонија

 

https://vecer.mk/makedonija/dali-ubistvoto-vo-shisha-e-po/

Двајцата бегалци осудени на доживотен затвор за случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се наоѓаат во Урошевац, имаат формирано 2 независни криминални групи кои дејствуваат во Македонија и Косово. Групите се составени од осуденици за тероризам во бегство, верски екстремисти повратници од воените региони на Ал Каеда и Исис, локални криминалци.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не се во добри односи поради недоразбирање заради исплата на пари за завршена криминална работа, пари кои Африм ги сокрил од Алил.

 

Косовски медиуми

За ликвидацијата во Приштина,портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека синоќа се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.

Клан Косово објави дека убиеното лице било во возило со македонски регистарски таблички, но од надлежните нема потврда за истото.

Возилото од кое најверојатно било пукано е најдено изгорено во друг дел од градот.

Информацијата дали станува збор за македонски државјанин не е потврдена од македонските институции.

Како што пишуваше  неделникот „Фокус“, ова двојно убиство од март 2023 има слични елементи со ликвидациите на браќата Камер Идризи и Јонуз Идризи од сојузничкиот клан Бундес од Бутел, според времето и начинот на извршување.

Имено, соговорници на „Фокус“ посочуваат дека сите ликвидации се извршени ноќ пред исламските верски празници:

  • 12.5.2021 – Рамазан Бајрам. Убиен – Камбер Идризи од група Бундес.
  • 25.4.2022 – Qadr Night. Верниците сметаат дека на оваа ноќ гревовите се простуваат. Убиен е Јонуз Идризи од Бундес.
  • 06.3.2023 – Mid-Sha’ban. Се смета за ноќ кога Алах може да им прости на грешниците и се организираат молитви за прошка од Алах за починатите предци. Убиени се Кривањева – Жила и Исеинов – Љаци од Дуќанџик.

Начинот на извршување е ист. Неколку маскирани лица, извршители кои настапуваат како припадници на специјални сили. Според полициски извори, користат логистика на лица кои возат веспи или мотори и ги следат таргетите.

По влез во објект, тие изговориле “Стој, полиција“, не мрдајте”. Убиството е со рафално пукање во глава. Свирепоста укажува дека се испраќа порака. Притоа се хируршки прецизни, добро ги познаваат жртвите и пукаат само во нив.

Користат АК 47 – калашников, кое никогаш не е оставено ниту кога е запалена колата при бегството. Користат иста маршрута на бегање кон Шутка или близина на Визбегово за кон Качанички пат.

И синоќешната ликвидација во Приштина ги има истите елементи: употребени калашњикови и запалено возило.

Фото: Ботасот/Илустрација

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk