logo
logo
logo

ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - Ова се новите цени

Vecer | 20.04.2026

ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - Ова се новите цени

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови пониски цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на бензините и на дизел горивото се намалуваат за еден ипол денар во однос на тие што беа донесени минатата недела.

Па така, од полноќ новата цена на бензинот БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 82,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 94 денари.

Со одлуката на РКЕ, од полноќ за половина денар поскапува екстралесното масло за домаќинство и тоа ќе се продава за 97 денари за литар. За 2,939 денари за килограм се намалува цената на мазутот кој со одлуката на РКЕ од полноќ ќе се продава за 46,288 денари за килограм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk