logo
logo
logo

Познат психолог дава насоки за лечење скршено срце

Vecer | 21.10.2026

Познат психолог дава насоки за лечење скршено срце

Кога ќе се заљубиме во некој што не го чувствува истото, се чини невозможно таа личност да ја исфрлиме од мислите. Секоја порака, спомен, случајна средба повторно ги буди истите чувства. Но дали навистина е можно да се ослободиме од товарот на невозвратената љубов?

Психотерапевтот и писател Андреј Курпатов смета дека е можно, но потребно е „да се соочиме со горката вистина наместо да живееме во пријатната лага“.

Прв чекор – Признајте си што навистина се случува

Сè за што размислувате во врска со заедничката иднина постои само во вашите мисли. Прифаќањето на реалноста е прв чекор кон престанувањето да живеете во исчекување.

Втор чекор – Издвојте ја реалната личност од претставата што сте ја создале

Кога ни се допаѓа некој создаваме идеализирана верзија на личноста, ѝ припишуваме особини, чувства и намери кои можеби никогаш не ги покажала.

Затоа е важно да се запрашаме: Дали ја сакам вистинската личност или сликата што ја создадов?

Колку е помалку реален односот помеѓу двајца луѓе, толку поголема е можноста голем дел од таа заљубеност да е токму она што сме го замислиле.

Трет чекор - Не претворајте ја желбата во факт

Една од најголемите стапици на невозвратената љубов е надежта дека другата личност ќе се премисли.

Природно е да посакувате љубов, но желбата некој да нè сака, не е доказ дека тоа навистина ќе се случи. Кога непрекинато бараме скриени знаци, секоја порака ја толкуваме и чекаме промена, ја продлабочуваме нашата мака.

Со прифаќање на туѓите чувства не значи дека нашите се помалку вредни, тоа значи дека разбираме каде завршува нашата желба, а почнува туѓата слобода да се чувствува поинаку.

Четврти чекор – Исполнете го вашиот сопствен живот

Кога мислите непрекинато се насочени на една личност, потребно е сопствениот живот да се исполни со други содржини. Работа, пријатели, патувања, хоби, спорт, учење нешто ново или минувањето повеќе време со лицата што ги сакате, помага да го вратите вниманието на себе.

Важно е да не се обидувате само да „не мислите“ на таа личност, туку да почнете да креирате ден кој има смисла и без таа личност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk