logo
logo
logo

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

Vecer | 15.10.2026

Полицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!

 Инцидентот се случил доцна вечерта во неделата, на 11 октомври, пред ресторан за брза храна во овој град во западна Германија.

Според полициското соопштение, роботот – висок околу 120 сантиметри – ѝ пришол на девојката одзади, ја допрел по задникот и извел сексуално сугестивни движења.

Во тој момент, девојката била во друштво на две пријателки, на возраст од 17 и 18 години.

Според Си-Ен-Ен (CNN), полицијата се сомнева дека со роботот управувале неговиот шеснаесетгодишен сопственик и неговиот деветнаесетгодишен пријател.

Истражителите наведуваат дека двајцата го снимале настанот и го емитувале во живо на социјалните мрежи. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа и ги пронашла младите момчиња.

Роботот бил пронајден во багажникот на автомобил и потоа одземен како доказ. Исто така, биле одземени и мобилните телефони на осомничените.

Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или дали младите момчиња директно управувале со него за време на инцидентот. На интернет се појави и видео на кое се гледа како роботот носи бел елек, златно ланче и очила за сонце.

На снимката се гледа како тој им приоѓа на жени на улицата и прави сексуално сугестивни движења. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот и потенцијалната кривична одговорност на лицата кои управувале со уредот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk