logo
logo
logo

ИН МЕМОРИАМ

ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ

Vecer | 16.11.2023

ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ

На 77-годишна возраст денеска почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.

„Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога.

Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите.

Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакна како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk