logo
logo
logo

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Vecer | 08.12.2025

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за занаетчитството преку едукативни предавања, информираат од Викимедија МКД, невладина организација која се занимава со умножување на слободни содржини и единствен македонски огранок на Фондацијата Викимедија.

Предавања одржаа м-р Ненад Шундовски, координаторот за ГЛАМ програма на Викимедија МКД, Орце Нинески како и Лили Арсова, координатор на Вики клуб Велес. Свои обраќања имаа и претседателот на здружението, м-р Николче Стојаноски и извршниот директор на Викимедија МКД, Снежана Штрковска.

-Оваа иницијатива има за цел да ја збогати содржината на Википедија на македонски јазик, како и да ги едуцира младите во користење и придонесување кон слободните енциклопедиски знаења. Кампот е само една од поголемиот број проекти и настани кои ги организира Викимедија МКД, невладина организација која се занимава со умножување на слободни содржини достапни за секого, изјави Штрковска.

Викимедија МКД еднаш годишно организира Вики-камп. Како дел од глобалната Фондација Викимедија со седиште во Сан Франциско, Викимедија МКД ги користи своите волонтерски капацитети за да создаде за читателската публика што поголем број бесплатни и добропотврдени енциклопедиски содржини. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk