Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите.
Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“.
Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство.
Полицијата веќе ги истражува наводите.
Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност.
Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство.
Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата